Sunday, March 31, 2013

Дирк Новитцки - човек за одлука !


Далас Маверикс, тим кој е во големи проблеми како и ривалот Лејкерс од Западната конференција. Големата борба за 8-мото место кое води во плејофот бара многу труд, трпеливост, но и храброст за одлучувачки шутеви за храбри луѓе. 
Станува збор за предводникот на Маверкис, Дирк Новитцки кој имаше фантастична партија од 35поени и неколку клучни шутеви меѓу кои и последниот кој беше решавачки за голема победа против Булс.
,,Се ближи крајот на сезоната, а 8-мото место кое е виза за плејофот е гранка на која нишанат три екипи. Се надевам дека ќе го дадеме својот максимум за да ја постигнеме целта'' - изјави Дирк.

Коби Брајант - црната мамба повторно на сцена


Коби Брајант постојано е пред предизвик, пред се со својот тим кој се бори да влезе во плејоф оваа сезона. Црната мамба издвојува тешка победа против Кингси со своите 19те поени успеа да го помине Вилт Чемберлејн на вечната листа на поени. Моментално е на 4.место, а пред него се Џордан, Малоун и Абдул-Џабар.

Монти Вилијамс: ,,Џејмс нема конкуренција во лигата, тој си игра со деца''


Ѕвездата на Мајами Хит, Џејмс веќе подолго време се жали на судиите затоа што не биле судени голем број на прекршоци врз него. Меѓутоа и покрај се тој е најдоминантнио играч во НБА лигата моментално, за кој голем број на екипи немаат одговор за него.

Но, она што е актуелно во последно време се компарациите помеѓу него, Брајант и легендарниот Џордан. Не може да се праат споредби помеѓу Џордан и Џејмс затоа што станува збор на играчи кои играле во различни времиња и услови. Ете и една изјава на тренерот Монти Вилијамс кој кажа: ,, Не знам зошто се споредуваат Леброн и Џордан. Џордан играше во лигата со мажи, а Џејмс игра со деца. ЕТЕ ТОА Е НАЈГОЛЕМАТА РАЗЛИКА'' .

Тим Данкан и неговиот кош за победа !



Сан Антонио Спарс, тим кој постојано доминира во текот на регуларниот дел од сезоната, но за жал не и во плејоф. Во синоќешниот натпревар за противник ги имаа разиграните Клиперс од Лос Анѓелес, но уште по разигран беше ветеранот Данкан.
Уште на почетокот хендикеп за Спарс беше повредата на Џинобили, но Паркер заедно со Данкан покажаа уште еднаш дека се премногу доминантни на свој терен. Слободно погледнете за што станува збор. Искуството си го прави своето.

Игудала си оди од Денвер ?


Андре Игудала одлично се вклопи во играта на Џорџ Карл со што играта на Нагетс стана многу подинамича и поефикасна. Според голем број се мисли дека тој ќе остане да играе во овој клуб.
Но, по се изгледа Денвер ќе мора да плати многу повеќе за да го задржи во клубот, бидејќи тој ова лето станува слободен играч.
Игудала дури и ја потврди информацијата дека ова лето нема да продолжи со Денвер и дека ќе бара тим кој ќе му понуди повеќе пари во повеќегодишен договор. Згора на тоа, тој е сигурен во тоа дека неговиот нареден договор нема да изнесува 16,1 милион долари по сезона.

''Да, дефинитивно. Мора прво да ги разгледаме сите опции''. - изјави 29-годишниот Андре Игудала. ''Тешко е да се одлучам, особено кога ќе сфатам каква сезона играме. Но и другите тимови знаат што можам да им донесам, а сигурен сум дека и Нагетси знаат што им носам во нивниот тим''.
''Вреди да се ризикува. Некои играчи заработуваат по 50, 60 или 70милиони долари за неколку години. Се откажувам од помали договори, но знаат дека истата сума од тој договор ќе ја вратат тродупло'' . - додаде Иги

Мајами се враќа на победничките патеки


Мајами Хит, по поразот од Чикаго веднаш се опорави, а тоа го почувствува Њу Орлеанс и го зацврстува првото место во Источната Конференција.

Њу Орлеанс беше надигран од страна на Џејмс со 36поени, Вејд 17поени и 9 асистенции и останатите од клупата го дадоа својот придонес. Инаку нивниот моментален скор им е 57-15 и се главен кандидат за титулата и оваа сезона.